Исмаил: Политичките лилипутанци бркаат „лажни вести“

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан – член на Президиумот на Левица

Политичките лилипутанци, кои ни продаваа приказни дека после промена на државното име ќе може бесплатно да се лекуваме во ЕУ, повторно се пуштиле во лов на “лажни вести” и “соработници на Кремљ“.

Па добро бре, заборавија ли овиe пудлици на колективниот Запад дека Конгресот на САД скоро објави извештај каде се гледа дека стотици милиони долари се дадени за ширење на НАТО-вската пропаганда во државава?!

Па уште и обвинувањата ги интерпретираат со еден збор, а тоа е “Русофилија”. А што, демек интересот, љјубовта, уживањето во културата на рускиот народ ќе го направите криминално?! Вашата омраза и русофобија планирате да биде законска обврска за секој државјанин на Македонија?!

Туку, ај сеа проверете и јавно обелоденете који се организации, манифестации, издаваштво, образование и култура, новинарство, кои вакви и слични настани се финансирани од Претседателството на Репблика Турција? – И кои се тие луѓе кои финансиски егзистираат преку тоа што истите се на еден или друг начин ангажирани при организација и реализација на сите овие политики и настани.

Ама не, страв ви е да го предизвикате Претседателот Ердоган, оти од него ниту Брисел а ниту Вашингтон не ве штити, па си голтате кнедли, ама во русофобската агенда на колективниот Запад сте први во борбените редови.
Абдали!