Руските единици најдоа лек за испорачаните ракетни системи HIMARS од САД

Руските единици за противвоздушна одбрана, добиле нов софистициран софтвер кој им овозможува брзо откривање и соборување на ракетите од ракетениот систем HIMARS (MLRS) испорачани од САД, пренесува РИА. Ова го соопшти командантот на една од единиците за воздушна одбрана со седиште во Запорожје.

Системот HIMARS испорачан од САД се покажа како „битен фактор“ за Украина во конфликтот со Русија. Системот ХИМАРС, според мислењето на повеќето експерти, имал најзначајно влијание врз текот на руско-украинската војна.

Сепак, експертите сега тврдат дека употребата на новиот софтвер им овозможува на руските единици за воздушна одбрана да прават пресметки кои се речиси 100% попрецизни, овозможувајќи им брзо да ги соборат ракетите HIMARS.

Алексеј Подберезкин, директорот на Центарот за воено-политички студии, изјави за Спутник: „Во принцип, дури и пред новиот софтвер, 75-80 отсто од ракетите што беа лансирани од системите HIMARS беа соборени, но не и 100 проценти“.  Ракетите HIMARS сега може да бидат соборени со сигурност благодарение на попрецизни пресметки, додаде тој. Во меѓувреме, Русија не откри кога ги ажурирале домашните системи за противвоздушна одбрана со овој нов софтвер.

Претходно беше објавено дека Москва исто така распоредува свој MLRS, Торнадо-С, за да се спротивстави на HIMARS. 

Слично на американскиот HIMARS, рускиот Торнадо-С е ракетен систем со повеќекратно лансирање кој се користи за напад на цели на поголеми растојанија. 

Се смета дека Торнадо-С има многу подобри перформанси од американскиот M142 HIMARS. На пример, американскиот M142 HIMARS е способен да лансира шест ракети од 227 мм, управувани со GPS, со дострел од 80 километри и прецизност од пет до седум метри.

За споредба, системите на руските копнени сили, 9A54 Торнадо-С, ја имаат истата прецизност како HIMARS  додека истрелуваат дванаесет ракети од 300 мм управувани од GLONASS (руски глобален сателитски систем за навигација) на растојание од 120 километри. Торнадо-С исто така е побрз и поефикасен, и со време на подготвеност за лансирање од три минути.