ЕУ бара Македонија да воведе визи за Косово – Османи е на потег

Европската унија бара од Македонија да воведе визи за граѓаните на Косово. Оваа барање кое власта на ДУИ И СДСМ го кријат ја објави амбасадорот на Косово во Белгија Агрон Бајарами.

„Апсолутно е неприфатливо барањето на Европската комисија да го наведат Косово за кои треба да бидат потребни визи за Црн Гора и Македонија. Посебно вознемирувачко што со години на Косово неправедно му се одбиваше визна либерализација и сето ова доаѓа по договорите од Берлинскиот процес“ – напиша Бајрами.

Ова барање од ЕУ кон Македонија е веќе подголго време, но, власта на ДУИ одбива да го спроведе. Пред неколку дена МНР објави дека се воведуваат визи за неколку земји, меѓу кои Куба и Боцвана, но, не и за Косово.

Потсетуваме, поради усогласување на македонската надворешна политика со политиката на ЕУ, вчера Македонија воведе визи за Куба и Боцвана. Останува да видиме дали владата на СДСМ и ДУИ ќе останат доследни на својата политика и ќе воведат визи и за Косово.