ЕУ увезува течен гас од Русија и го плаќа 5 пати поскапо од лани

Њујоршката агенција Блумберг прецизираше дека Европската унија од јануари до септември годинава потрошила рекордни 12,5 милијарди евра за увоз на руски течен гас, што е пет пати повеќе од пред една година.

ЕУ се откажа од рускиот гас надевајќи се на ветениот течен гас од САД, меѓутоа доби само една мала лажичка од најавените 15 милијарди кубни метри. Дека нема ништо од ветениот гас стана јасно по несреќата во една од погоните на американската компанија Фрипорт, која произведува петтина од американскиот извоз на течен гас и е главен снабдувач на европските клиенти.

Во таа ситуација ЕУ не можеше да си го дозволи луксузот да го игнорира рускиот течен гас.

Најголемиот дел од гасот во ЕУ доаѓа од Русија и тоа токму преку територијата на Руската Федерација. Американските енергетски компании вооопшто не ја лажеа ЕУ кога рекоа дека имаат долгорочни договори и дека физички не можат да испорачаат во Европа количества што би ја замениле целата количина на руски гас. А тоа што го зборуваат политичарите како Урсула фон дер Лајен, дека ЕУ се ослободила од зависноста од рускиот природен гас, чии испораки паднаа од 40 на девет проценти тоа е сосема друга работа истакнува експертот за енергија Милош Здравковиќ.

Во моментов цената за илјада кубни метар гас е 1.300 долари во ЕУ, а во исто време во Америка е околу 235 долари за илјада кубни метри. Ова претставува драстична предност на американската економија, односно нејзината индустрија, на штета на економијата на ЕУ, која плаќа четири пати повеќе.

Од цената на специјалните танкери за транспорт, од цената на терминалите, од самиот транспорт, од технологијата на производство, јасно е дека тој гас мора да е поскап. Додека Европа сонуваше за диверзификација на увозот на гас, Русија работеше на диверзификација на продажбата на гасот. Така, русите изградија гасоводи и терминали до Кина. Повлекувањето на Америка од Авганистан отвори можност за извоз на гас во Централна Азија, односно преку Централна Азија до најнаселениот дел на планетата до Индокина.

А дали во целата оваа игра што САД ја играат против Русија и врз грбот на ЕУ, која изгледа трагикомично, ЕУ конечно ќе се сврти кон сопствениот интерес, нашиот енергетски експерт вели тоа зависи само од политичарите.

„Доволно е европските политичари да ја слушаат германската стопанска комора, германската индустриска комора, конфедерацијата на италијанските индустриски комори. Германскиот BASF троши 40 отсто од индустриската енергија во Германија. Тоа е најголемата светска компанија во рамките на петрохемискиот комплекс, која со овие цени на енергенсите веќе не може да биде во чекор со американските или кинеските цени на среднорочен план“, вели експертот Здравковиќ, и додава дека не гледа како економијата ќе опстане доколку продолжи ваквата политика на ЕУ.