Поранешниот работник на ЦИА Сноуден положи заклетва за руско државјанство

Поранешниот вработен во американските специјални служби кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД, Едвард Сноуден положи заклетва и доби руско државјанство. Неговата сопруга е исто така подготвена да поднесе документи, изјави адвокатот Анатолиј Кучерена.

Кучерена додаде дека формалните работи со Сноуден ги имаат целосно завршено, и нема немало никакви пречки поранешниот соработник на американските специјални служби да добие руско државјанство.

Разузнавачот доби руско државјанство на крајот на септември со указ на претседателот Владимир Путин. Во исто време, Кучерена рече дека сопругата на поранешниот специјалец исто така планира да поднесе барање за нов пасош.

Во 2013 година, Едвард Сноуден откри голем меѓународен скандал. Тој на весниците Вашингтон пост и Гардијан им предал доверливи материјали за програмите за следење на американските и британските разузнавачки агенции на Интернет.

После тоа, Сноуден одлетал во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде извесно време бил во транзитната зона на аеродромот Шереметјево. По одбивањето од неколку земји, Русија му одобри привремен азил на поранешен работник на ЦИА, под услов тој да престане со активностите против САД.

Во август 2014 година, Едвард Сноуден доби тригодишна дозвола за престој во Русија, а потоа му беше даден документ на неопределено време.