Левица: Поради страв од пресрет со тутунарите на влез во Прилеп, долетаа со хеликоптер

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Прилеп

„Додека народот ги крши своите возила и гине по регионалниот пат, кој пред неколку години требаше да биде нов автопат, Заев и Венко летаат со хеликоптерот на МВР до Прилеп.

Апсурдот да бидe поголем, за итните случаи на пациенти за транспорт до Скопје, се возат со дотраени амбулантски возила по тој ист пат, но “боговите” свесни за катастрофалните услови на патиштата си летаат во облаци, како и секој друг ден додека го лажат народот.

Само пред неколку дена Филипче даде изјава дека нема потреба од модуларната болница, сега тераат политичка кампања во Прилеп во кој починаа 335 наши граѓани, точно поради нивната неспособност и гордо “штедење” во здравство.
Би било добро и коалициониот партнер Мицкоски, да му се дозволи барем да го удри камен темелникот на новата градинка во населба Точила, која што според предизборните ветувања на градоначалникот Илија Јованоски, требаше до сега да биде веќе изградена покрај непостоечкиот затворен базен во Прилеп.

Немањето на елементарни услови за здравствените работници, ракавици, маски, скафандери, средства за дезинфекција, за нив е квалитетно штедење, па народот собира донации да ги обезбеди.“


ПОРАДИ СТРАВ ОД ПРЕСРЕТ СО ТУТУНАРИТЕ НА ВЛЕЗ ВО ПРИЛЕП, ДОЛЕТАА СО ХЕЛИХОПТЕР Додека народот ги крши своите возила и…

Posted by Левица – Прилеп on Friday, April 2, 2021