Ковачевски ја нападна Левица бидејќи го блокира поткупот на медиумите

Новинарските здруженија повеќе од шест месеци предупредуваат дека измените во Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, значат озаконување на поткупот на медиумите и враќање на груевистичките методи на владеење.

Пратениците на Левица по блокадата овој закон со 1.300 амандмани и бара коректно и нормално законско решение кое нема да биде ваков легитимен поткуп на медиумите, но премиерот Ковачевски ја нападна партијата Левица.

„Тоа беше предлог од пратениците што требаше да го регулира објавувањето кампањи од јавен интерес на масовните медиуми и тој закон беше предложен, меѓутоа се случи тој да има огромен број амандмани од партијата Левица.“ – рече Ковачевски.

Пратениците од Левицата поднесоа 1.300 амандмани до Собранието за измените на законот поради што беше одложена седницата на собраниската Комисија за транспорт и врски, каде што во второ читање требаше да се разгледуваат измените, кои ќе дозволат со државни пари да се плаќаат јавни кампањи во приватните медиуми.

„Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим“, соопшти Левицата.

Против измените се и новинарските здруженија, кои се изјаснија дека не биле вклучени, ниту на каков било начин консултирани во ниту една фаза од подготовките на предложените измени, предложениот начин на финансирање е неприфатлив и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.