Царовска не одговори дали поради притисок од Бугарија се укинуваат учебници

На седницата за пратенички прашања, пратеникот на Левица, Борислав Крмов ја праша министерката Мила Царовска дали причината за воведување дигитализација на учебници е притисокот кој доаѓа од Бугарија за промена на учебниците од седмо одделение. Дополнително, вчера помладокот на СДММ излезе со соопштение дека учениците се менуваат поради „содржина која изобилува со говор на омраза и меѓуетничка омраза”. Во одговорот кон Крмов, Царовска обвини дека опозицијата не сака да успее проектот, но избегна да одговори дали барањата на бугарските власти ќе бидат реализирани преку ваквата реформа.


Ние имаме најсериозен основан сомнеж дека, меѓу другото, туркањето на оваа платформа, вака насила и дека мора сега да биде од септември – е еден начин за да се одговори на „решенијата“ (капитулациите), кои ќе стигнат од мешовитата бугарско-македонска комисија. На секоја наша капитулација, попуштање и слично, вие ќе можете лесно со едно ажурирање да интервенирате во учебниците, додека да беа печатени ќе имавте многу поголем проблем. – изјави Крмов.