По посетата на Република Македонија од страна на германскиот Претседател кој се обрати пред пратениците и побара да гласаат за промена на македонскиот устав, професорот Љубомир Цуцуловски го праша Штајнмајер да каже: „Дали би го сменил Уставот на неговата држава бидејќи во Германија има барем 3000 Бугари?“.
Не кажа. Франк-Валтер Штајнмајер, претседател на Сојузна Република Германија, порача дека Македонија ќе трабало повторно да го менува Уставот. Меѓутоа, не кажа што треба да се менува во него. Ако мислеше на Бугарите, тогаш редно е да каже дали би го менувал Уставот на неговата земја, бидејќи и во неа има барем 3000 Бугари. – напиша Цуцуловски на Фејсбук.
Потсетуваме, претходно кога Владата на СДСМ и ДУИ, тогаш водена од Заев, вршеа поткуп на пратеници со цел промена на Уставното име на Република Македонија, тогашниот германски Канцелар Ангела Меркел исто така ја посети Македонија и бараше да го промени државното име, ветувајки европска иднина, од која и денес нема ништо.