Крајевски: Американски ли е да работиме по 12 часа, како во 18 век?

По поднесувањто на пакетот закони во Собранието на Република Македонија, кои практична ја нарушуваат целата позитивно-правна регулатива за да се удоволи на интересите на конзорциумот „Бехтел и Енка“, со кои се газат основните работнички, а со тоа и човекови права, одредена клика на владејачкото мнозинство се обиде критичарите на овие законски измени на ги етикетира како „антиамерикански“. Јован Крајевски, кој е член на Президиумот на Левица, се огласи во таа насока и постави неколку логички прашања:

„Критиката за ‘Бехтел и Енка’ и промената на 8те закони во корист на коридорите 8 и 10Д била анти-американска?!
Американски ли е да работиме по 12 часа, како во 18 век? Американски ли е корпорациите да не плаќаат ДДВ дур ние скенираме фискални?

Американски ли е корпорации да го добиваат експроприираниот имот пред одлуката да стане правосилна? Американски ли е да се заобиколуваат законите за урбанистичко планирање?

Американски ли е да се врши пренамена на шумското и земјоделското земјиште без одобрение од кој било државен орган? Американски ли е корпорациите, откако ќе ги опустошат шумите, да си ги земат дрвата како компензација за трудот што го вложиле во тоа опустошување?

Ако сето ова е американски, гордост на секој чесен човек треба да е да биде анти-американски настроен!“ – напиша Крајевски.