Пендаровски констатираше пропусти на АНБ која беше основана со негов указ

Според претседателот на државата, Стево Пендаровски, пропустот со државјанството на Олександар Онишченко не е пропуст на еден поединец, туку се работи за системска грешка, за која одговорноста е на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), која беше формирана во 2019 година, со потпишувањето на указ од негова страна.

Во член 8 од Законот за АНБ стои дека „Агенцијата врши безбедносни проверки за: лица во постапката за прием во државјанство на Република Македонија“ – процедура низ која поминала постапката за добивање на државјанство на Олександар Онишченко.

Во гостување во ТВ 24 Пендаровски нагласи дека потфрлиле четирите сектори во АНБ, особено Секторот за соработка со сранските служби. Претседателот додаде дека ако се утврди кој е кабает, тогаш тој мора да сноси одговорност.