Европа подига ѕидови како во времето на студената војна

Со падот на Берлинскиот ѕид пред повеќе од 30 години, се разбуди и надежта за соработка меѓу Европа и Москва, пишува Асошиејтед прес, додавајќи дека денес, по почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Западот се’ уште се оградува, повторно со челик, бетон и жица.

Причината за подигањето на огради и ѕидови, наводно е стравот дека санкциите против Москва ќе предизвикаат нов бегалски бран.

  • Ниските дрвени столбови кои досега ги запираа бездомните говеда на границата меѓу Финска и Русија наскоро ќе бидат заменети со поцврста и повисока ограда.
  • На полската граница со Калининград, војниците со недели поставуваат ограда од „жилет жица“ и се подготвуваат областа што некогаш ја следеа само повремени граничари да ја дополнат со камери и електронски надзор.
  • Кога на Европа не и се допадна изборот на Александар Лукашенко за претседател на Белорусија, Полска и Литванија буквално почнаа да се оградуваат од оваа земја, наводно поради „стравот“ од мигранти.

Во меѓувреме, во Полска, активисти за човекови права протестираат поради изградбата на челичен ѕид висок пет и пол метри долж границата со Белорусија долга 186 километри.

  • Финската премиерка Сана Марин ги објави плановите за поставување ограда по 1.340 километри долгата граница со Москва. Тоа би било најдолга ограда од која било земја членка на ЕУ. Сето тоа затоа што Москва се закани со „сериозни воено-политички последици“ поради напорите на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО.

„Железната завеса ја нема, но „завесата од бодликава жица“ сега, за жал, станува реалност за поголемиот дел од Европа. Оптимизмот што го имавме во Европа по 1989 година сега во голема мера го нема“, рече професорот по геополитика на „Ројал Холовеј“ од Универзитетот „Клаус Додс“ во Лондон.