Макрон: Франција не се залага за целосен пораз на Русија

Францускиот Претседател, Емануел Макрон, на заедничката изјава заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот претседател Анджеј Дуда, за време на Минхенската безбедносна конференција, во Минхен, Германија, 17 февруари 2023 година, изјави дека тој иако е за тоа Русија да биде победена но подвлече и дека не се согласува таа да биде „поразена/скршена“.

„Не мислам, како што прават некои луѓе, дека треба да се стремиме кон тотален пораз на Русија, напаѓајќи ја Русија на нејзина почва. Тие набљудувачи, пред сè друго, сакаат да ја уништат Русија. Тоа никогаш не било ставот на Франција и тоа никогаш нема да биде наша позиција“, рече Макрон во интервјуто објавено во саботата.

Покрај тоа, Макрон изрази сомнеж околу продолжувањето на конфронтацијата, посочувајќи на заканата од „бесконечен конфликт, каде што главните губитници ќе бидат Европејците“. Во оваа насока тој уште еднаш изјави дека смета дека е неопходно да се продолжат преговорите со рускиот лидер, Владимир Путин.

Макрон наиде на критики од некои сојузници на НАТО за испраќање мешани пораки во врска со неговата политика за војната меѓу Украина и Русија, при што некои го сметаат Париз за слаба алка во западната алијанса.