(Видео) Јанев: Целиот процес околу студентскиот оброк е манипулација за политички поени

  • Фејсбук статус на Јован Јанев – активист во движењето „Студентски отпор“

Драги студенти, ова е моето мислење и вистината за се -“Копај црви – ќе најдеш змии”.

Целиот процес околу студентскиот оброк е дефинитивно манипулација за политички поени!

1.Дебата со студенти се прави пред изменување или дополнување на ваков тип закон.

2.Целата дебата е евтино сценарио, на крај со појавување на Ковачевски за тоа “Како е постигнат европски и успешен дијалог”.

Правилна изјава е „Режирана дебата”.

3.Далеку сме од Словенија, далеку сме од Европа – со услови како во студентските домови (на пример Стив Наумов) Македонија е светлосни години наназад од тие земји.

Не е изводливо да иста група пратеници го повлече катастрофалниот предлог, а потоа да свика Седница.

Студенти, се е игра – се е корист- отварајте очи, властите не сакаат паметни и непослушни студенти, за нив сме само гласачка машинерија. Да не биде предоцна, разбудете се!!!