Професорот Трајче Стојанов добитник на наградата именувана по Достоевски

Во рамките на приемот по повод Денот на народното единство Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин му врачи спомен-медал од Министерството за култура на Русија „Големиот руски писател Фjодор Михајлович Достоевски 1821 – 2021 година“ на професорот на Универзитетот Гоце Делчев Трајче Стојанов – авторот на бројни научни трудови и публикации кои ја откриваат филозофската компонента на делата на еден од столбовите на светската класична литература.

Како што нагласи Амбасадорот, оваа награда е заслужена оценка за придонесот на професорот Стојанов за зачувување и популаризација на наследството на големиот руски писател Фjодор Достоевски.

Амбасадорот исто така изрази надеж дека активната истражувачка деjност на професорот Стојанов ќе продолжи да придонесува за зближување на рускиот и македонскиот народи, меѓусебното збогатување на нашите култури и зачувување на заедничките традиционални вредности.