Левица: За Мицкоски посетата на Јотова не е провокација

  • Реакција на Левица ЛО – Ресен

Откако Левица алармираше дека во село Евла се најавува отворање нов бугарски клуб, вчера и официјално потпретседателката на Бугарија, ЈОТОВА го посети селото.

Јотова беше во посета на локалниот бизнисмен, чиј проект е финансиран од бугарската држава.

Токму Левица објави дека за овој бизнисмен, кој има конекции и со СДС и со ДПМНЕ, има информации дека врши притисоци врз населението за бугарски пасоши.

Од друга страна, Мицкоски во официјална изјава не ја осуди посетата на Јотова, туку напротив – сметал дека тоа не е провокација!

Јасно е дека Левица, со организирани анти-фашистички протести во Охрид и Битола, останува единствена опозиција која реално се бори против агресивната бугаризација, диригирана од официјална Софија