(Видео) Најстарата книга во Градска библиотека – Скопје која датира од 1566 г. – „Басни“ од Езоп презентирана во проект со НР Кина
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е членка на Библиотечната унија и Форумот на унијата на земјите од СЕЕС и НР Кина од 2018 година, Програма 16+1.
Во периодот до денес, Библиотеката учествуваше во повеќе заеднички проекти со останатите 16 членки, како и на професионални обуки и конференции. Во октомври 2021 година, Градската библиотека беше организатор и домаќин на Вториот форум на унијата, конференција која беше реализирана во рамки на Програмата за култура на Град Скопје за 2021 година.
Во текот на 2022 година, програмските активности на библиотечната унија што се зацртани со декларацијата на унијата и програмскиот план за периодот 2022/23, продолжија со реализација на Проектот.
Преку проектот „The Very Collection in My Library“ се промовираат и афирмираат колекции на стари и ретки книги од секоја библиотека на земјите – членки на унијата. Преку видео презентација, директорката Стојчевска ја претстави најстарата книга која е во нашите библиотечни колекции – книгата „Басни“ од Езоп, со оригинален наслов „Aesopi phrygis fabulae, elegantissimis iconobus veras animalium species ad viuum adumbrantes“, која датира од 1566 година и е најстар примерок на ретка и вредна книга заштитена и чувана во колекцијата на Библиотеката. Целата книга е дигитализирана со отворен пристап во нашата дигитална библиотека.
Оригиналната верзија на видео презенацијата е споделена на следнот линк: