Либан и Израел направија историски договор за демаркација на поморската граница

Договорот доаѓа после  неколку годишни преговори и опфаќа 860 квадратни километри. Тој ги вклучува и нафтените полиња кои беа најголеми пречки за постигнување на договор. Според договорот делот Каана (блок 9 од фотографијата) ќе биде поделен соодветно.

Либанскиот претседател Михаел Аоун изјави дека Финалната верзија на договорот е задоволувачка за Либан и дека ги зачувува нејзините права за природните богатства. Исто така либанскиот министер за енергетика Валид Фајјад веќе откри дека француската компанија Тотал го има добиено договорот да врши екстракција на природните ресурси.

Додека израелскиот премиер Јаир Лапид изјави дека историскиот договор ќе ја зајакне безбедноста на Израел и ќе внесе милиарди долари во израелската економија имајќи позитивен импакт врз стабилноста на северната граница.

Овој исход на договорот е прифатлив и за движењето Хезболах кое има огромно влијание во Либан. Тие во основа претставуваат главен столб во одбраната на Либан од Израел, со кого технички државата се’ уште е во војна.