Левица: Нема осуда од СДСМ и ДУИ за отварањето на бугарскиот клуб во Охрид
Политичката партија Левица, која е организатор на протестот во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, денеска обвини дека нема никаква осуда од СДСМ и ДУИ за отворањето на клубот.
Ние сме организатори на протестот против фашистичкиот клуб. Денеска ја поднесуваме и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог. Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави генералната секретарка на партијата Јована Мојсоска.
- Текстот е превземен од lider.mk