И во оваа криза олигархијата профитира за сметка на работникот

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски, Координатор на Левица – Сектор политичка економија.

Економската криза не нè засега сите на ист начин. Работните класи губат, додека олигархијата профитира. Во последниот квартал:
-поскапеа струјата и парното;
-настана општа инфлација;
-штрајкуваше пола јавна администрација;
-1000 текстилни работнички земаа плата под минималната.

Во истиот тој квартал:
-Стопанска, Комерцијална и НЛБ пријавуваат профити од по ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, по 30%-45% повисоки од првиот квартал минатата година;
-Тргопродукт на Заеви доби неповратен грант од 1.4 МИЛИОНИ ЕВРА;
-Макпетрол си исплаќа дивиденди од парите што ги зема од државата за Гама, зголемени за 50%.

Власта секогаш спроведува диктатура на една класа и без подршка на истата таа класа, таа не може да опстои. Оваа власт, како и секоја власт во претходните три децении, е власт на олигархијата и како таква спроведува диктатура на капиталот.

Затоа во време на криза, таа не се одлучува да ги оданочи милионските профити на олигархијата, туку штеди на плати на наставниците. Затоа во време на криза, таа им вели на работниците да се солидаризираат, а ја остава олигархијата да се богати и да аздисува.

Само работничка власт може да ја укине диктатурата на капиталот и да ја сврти ситуацијата наопаку, за олигархијта да почне да губи, а работните класи да добиваат.