Крајевски: Kaко културниот центар „Цар Борис III“ ќе го прослави 11-ти Октомври?

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски – член на Президиумот на Левица.

На 7 октомври се отвора нов бугарски „културен“ центар со име „Цар Борис III“. Во него ќе се слават „културните“ достигнувања на Цар Борис III, меѓу кои спаѓаат:

-внесувањето на Бугарија во Силите на оската
-испраќањето македонски евреи во концентрациониот логор во Треблинка
-титулата „Цар Обединител“ бидејќи со помош на Силите на оската ја проширил Бугарија до границите на Санстефанска Бугарија

На 11 октомври, пак, се прославува денот кога пукнала првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор. Се прашувам овој „културен“ клуб како ќе го прослави тој ден.