Британски злосторства низ светот во владеењето на Кралицата Елизабета II
Во 1952 година, Черчил тврдеше дека плодните висорамнини во Кенија треба да бидат само за белците и го одобри насилното отстранување на локалните жители. Стотици илјади Кенијци беа присилени да отидат во кампови.
На 30 јануари 1972 година, масакрот на Крвавата недела беше извршен од страна на падобранскиот полк на британската армија, каде убија 14 цивили на мирен протестен марш. По масакрот, Британците лажеа за жртвите.
Британија под Блер го нападна Ирак и уби над 1 милион луѓе, расели уште милиони други, донесе невидени страдања на ирачкиот народ и ја роди ИСИС.
Тука на сликата е принцот Хари, внукот на Елизабета, како се фали дека живее во Авганистан. Тој леташе со хеликоптери Апачи и координираше авиони да фрлаат бомби тешки 230 килограми врз луѓето што ги нарекуваше „Тери талибанци“.
Велика Британија спроведе тајна војна во Јемен, што доведе до 200.000 смртни случаи помеѓу 1962-70 година и убиваше неказнето во Аден.
Денес, Британија го вооружува, советува и надгледува бомбардирањето на Саудиска Арабија во Јемен.
Тука на сликата е преобразената Либија, по 6 месеци бомбардирање на НАТО, со што помогнаа на илјадници терористи поддржани од Британија. Британската влада одигра интегрална улога во уништувањето на најразвиената земја во Африка, според Индексот за човечки развој на ОН.
Во 1953 година, Британија под Черчил нареди соборување на демократски избраниот лидер на „Британска Гвајана“. Таа испрати војници и воени бродови и го суспендираше нивниот устав, за да го запре планот на владата за национализација.
На 19 август 1953 година, Британија направи државен удар со што ја собори демократијата во Иран, познат како Оп Ајакс, притоа соборувајќи го демократски избраниот премиер Мосадег. На Би-Би-Си беа ставени шифрирани пораки за да му се даде на шахот до знаење дека демократијата е соборена.
Повеќе од 80.000 британски војници отидоа во Кореја помеѓу 1950-53 година за да им помогнат на САД во убивањето на 4 милиони луѓе.
Британците водеа војна во „Малаја“ за да ограбат гума и калај помеѓу 1948-60 година. Тие, исто така, ги испрскаа прехранбените култури со „помаранџестиот агент“, како дел од нивната „кампања за изгладнување“.
САД научија многу од ова за нивната војна против Виетнам.
(*Преземено од @SpiritofLenin)