Црвена Младина: 31 година зависни од НАТО и ЕУ
- Објава на Црвена Младина по вчера спроведената герила по повод денот на независноста на Република Македонија
Секоја млада генерација која е дел од поновата македонска историја си имала свои битки и премрежја. Уште во раните деведесетти сѐ она што во претходниот систем сме го имале и изградиле беше узурпирано од капиталистите.
Ни ги одземаа фабриките, ни ги запоседнаа земјиштата, ни ги уништија шумите, го приватизираа здравството и ни го деградираа образованието.
Од држава која ги поседуваше своите ресурси пред независноста, благодарение на капитализмот и беа оттуѓени истите и распродадени на западните колонијални господари. Иако денес навидум славиме независност, сувереност и самостојност на Македонија, таа никогаш не била позависна и несуверена. Хипнотизирани од наметнатите бајките на НАТО и ЕУ фундаменталистите заборавивме на нашите АСНОМСКИ идеали и принципите врз кои се удрени темелите на нашата државност.
Затоа, ние отворено го повикуваме секој млад човек во Републиката, а воедно и го охрабруваме да ни се придружи во нашата битка за Македонија, се до конечното ослободување на Македонија и македонскиот народ од канџите на империјалистите и остварување на заложбите на АСНОМ и оние кои ги положиле животите за оваа земја.Победата наша не е далеку!
Еднаш победивме фашисти, ќе победиме пак!Смрт на фашизмот, слобода на народот!