Заборавивме што се Македонија имаше наследено

  • Фејсбук статус на Александар Димитриевиќ – Координатор на Левица – Трудов Сектор

Дали каснеа платите? Дали добивавте к-15, јубилејни награди 13 , 14 плата, Дали со една плата можевте да отидете на домор, да набавите градежен материјал за пола куќа? Дали сите беа вработени? Дали на секој му беше овозможено бесплатно школување, здравство? Дали живеевте сигурно и безбедно?Дали имавте еднакви услови при вработување, ефтини одмаралишта за работниците? Уште многу прашања можат да бидат афирмативно одговорени кога станува збор за благосостојба на животниот стандард во Југославија.

Тоа бил совршен пример на политичка економија креирани од Моша Пијаде и Борис Кодрич природно определен од постулатите на Марксизмот. Таква држава во 91 година на тацна ја наследните и успеавте да ја уништите. Буквално од корен уништивте се што беше квалитетно а на шутот му залепивте цена како употребна вредност и го ставивте во промет. Со осамостојувањето во 91 година спуштувте железна завеса врз досегашното општество и почнавте со руинирање. А најпарадоксално е што ја уништуваа политичките наследници на оние што ја градеа.

Заборавивте што имавте наследено. Заборавивте дека со револуција и жртви беше изградена претходната држава која ви ја оставија на готово. Фабриките изградени со трудот на работниците ги прогласивте за загубари , и ги оставивте на улица сите работници. А во фабриките каде работеа двајцата родители оставивте цели семејства без егистенција. Другите фабрики ги приватизиравте и тоа перфидно. Со помош на глобалистите ја искористивте општествената сопственост го изманипулиравте обичниот работник и му ги купивте акциите ефтино со уцени, или закани.

Дозволивте не еднаквост на пазаратот и создавање на новопечени тајкуни кои го подготвуваа теренот за превземање на управувачкиот пакет од 51 % веднаш штом се распадна системот. Така настанаа фамилијарните династии Алкалоид, Пивара, Гранит, Бетон, Макпетрол… И тогаш влеговме во период на “транзиција” – од благосостојба во немаштија. Тогаш глобалистите го зададат последниот удар на социјалистичката држава. Велеа неможе да бидете еднакви ќе има богати и сиромашни.

После 20 години од транзицијата гледаме дека веќе нема средна класа, богатите се уште побогати а сиромашните живеат во беда со минимална плата која не е ни половина од основната потрошувачка кошничка. Ако тоа беше вашата цел успеавте, направивте зависна гласачка машина без право на свое мислење. Ретроспективно во овој транзициски период од 30 години си велиме каков потенцијал-секој град фабрика, секој човек вработен.

Да не го уништивте системот немаше да има миграција, немаше да има ваква желба за ЕУ, немаше да ја слушнеме познатата реченица чуму идентитет ако немаш стандард!!!

Го памтам послениот крик на уништувањето на Алумина. Фабрика која правела објекти дури во Кувајт а ја затворија со стечај и покрај тоа што имаше можност да се реактивира само за на нејзино место некој нафташ треба да изгради згради, нормално со аимн на градоначалникот.
Глобално сите држави што го напуштија овој модел на политичко уредување како неуспешен или утописки сега се во криза. Најдобар пример за криза на капитализмот е Германија. Иако го чуствува револтот на народот Шолц одбира да им слугува на империјалистите. Резултатот е да ја молиш Русија за плин и целиот товар од санкциите да го сносат граѓаните.

Секоја критика на претходниот политички ситем само води кон капиталостичко создавање на вишоци како гаранција за сигурност кога ќе дојдат тешки времмиња. Е па другари ова се тешки времиња, потешки неможе. Вашите вишоци веќе не ви вредат, а и не се ваши историјата ќе се повтори, доаѓа револуција…