Ердован Шабаноски и Веби Рушитоски сонувале за скромен живот и егзистенција, но тој им згаснал во масакрот кај Карпалак
Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје – Тетово, Карпалак, 8 август 2001) беше македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загина на 8 август 2001 на автопатот Скопје – Тетово во масакрот кај Карпалак.
Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, со кого подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. За да не остане куќата празна, реши да се жени по отслужувањето на војниот рок. Имаше две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зет си, Веби Рушитоски, одлучија да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакаа да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкаат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.
Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минаа обука во касарната и на Криволак. После тоа заминаа со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски е посмртно одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.
Ердован загина на 19 години. Тој е најмладиот загинат војник во масакрот кај Карпалак.
Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и тој потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски. Немаше занает, но не се срамеше да работи сè и сешто, насекаде и кај секого што ќе му понудеше каква било работа. Научи да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехрануваше семејството и плаќаше кирија. Имаше две деца. Рушитоски е посмртно одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.