Апасиев: Се води полициска хајка против Левица
- Фејсбук статус на Димитар Апасиев, претседател на политичката партија Левица
Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев денеска на својот фејсбук профил објави дека Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски пробува да спроведе полициска хајка против Левица. Голем број на раководни членови на ЦК на Левица биле повикани во полициски станици за наводни сторени кривични дела.
Денес (недела), раководни членови на ЦК на Левица, модератори на локални ограноци и општински советници ширум Македонија се повикувани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, без да се наведе за кое дело ги викаат!?
А бе, озбилно мислите дека ќе не уплашите? Изгледа уште не знаете со кого си имате работа.