Апасиев: Кацарска судството не ги укина патните трошоци за пратениците

По одлуката на Уставниот суд да не се укине привилегијатана пратениците за надоместок на патни трошоци, кадешто се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и согласноста на подзаконските акти со законите и Уставот, пратеникот Апасиев се огласи на социјалните мрежи.

Уставните судии, кои сами илегално – со подзаконски акт – си воведоа додатоци на плата, денес одлучија дека исто такво непостоечко “право” имаат и пратениците, кои иако земаат пари за гориво и амортизација, вон законот си вовеле и парички за “патарина”. Ете, тоа е исходот од КАЦАРСКА-СУДСТВОТО на Заев и Таче.

Уставниот суд одлучуваше по иницијатива на Левица за тоа дали пратениците имаат право за надоместок на патни трошоци и со оваа одлука се руши принципот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок како и правната сигурност на граѓаните како дел од фундаменталното начело на владеењето на правото.

Иако наплаќањето на патните трошоци произлегува од одлука донесена на Седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници која нема легитимитет, Уставниот суд одлучи дека нема да им ја ускрати оваа одлука на пратениците.