АктуелноЛокално

„Партизани станете – сонцето да изгрее“

„Партизани станете – сонцето да изгрее“ е една од често извикуваните пароли на протестирачите за време на протестите и протестните маршови изминатите денови. Она што ги стопли срцата на многу протестирачи, што на вчерашниот протест беа забележани многу стари луѓе излезени да ја бранат Македонија.

Еден од најстарите протестирачи вчера (можеби најстариот) има 108 години, и послужи како пример и мотивација за младите како тоа се бори за држава.

Инспирирани од борбата на најстарите, за време на протестниот марш од Влада кон Министерство за внатрешни работи од иљадници грла ечеше паролата „Бугар Османи – идат партизани!“

Потсетуваме, според истражувањата над 75% од Македонците се против прифаќање на „францускиот предлог“ за бугаризација на Македонија. Ова претставува можеби најголемо обединување по едно прашање (по она за независноста) кај Македонците, каде старо и младо се на иста страна.