Апасиев: Кампот од пред Влада да се пресели пред Собрание – Ние од внатре, вие од надвор!

Пратеникот и лидер на Левица, кој е еден од носителите на авангардата во протестите против „францускиот предлог“ за бугаризација на Македонија Димитар Апасиев, на социјалните мрежи повика кампот од пред Влада да се премести пред Собранието на Република Македонија.

Кампот на Отпорот, од пред Влада, треба да се пресели пред Собранието. Ние внатре, вие надвор! – Напиша кратко Апасиев.

Причината за ова промена е тоа што „францускиот предлог“ ќе се најде пред пратениците во Собрание на една од наредните пленарни Седници.