Симонов: Провокаторите одработуваат за квислингшката власт и бугарските интереси

  • Фејсбук статус на Александар Симонов – Kоординатор на Левица – Сектор надворешна политика

Фашистичко и нео-фашистичко имаат различни методи со иста цел!

Во доба фашистичко тие вооружени влегоа во Македонија, и почнаа да ги прават сите тие злосторства, да убиваат, со цел да освојат територија, окупираат држава и јазик, уништат постоење на еден народ и наметнат своја волја Власт и вистина! – Сакаа да им бидеме робови во духот и мислата.

Во доба нео-фашистичко целта е иста, ама тие не влегуваат како во ’41, ова се оди на хартија, сега тие бараат тоа сами да си го направиме! – Види што се случува, Македонци се провокаторите, Македонци се од друга страна безбедњаците и Македонци се тие што протестираат.

Еден Македонец, мести друг Македонец, за да биде уапсен од трет Македонец, со цел да ги исполни бугарските барања кои ги спроведува капит-квислингшката влсат! – Се тоа планирано од „стратезите“. Е, тоа ти е судбина македонска.

Да расчистиме, најголем дел од полицијата и безбедњаците си ја сакаат државата, некои лично ми кажаа дека не сакаат да се од другата страна, ама мора да е така. Тие немаат вина, имаат задача!

Е овие провокаторите, тоа се хрпа слабаци кои не можат да ја разберат општествената улога која ја играат во историскиот момент, па за шака грошови не им е проблем да се шитнат и себе и својот народ. Ќе ги има секој ден! Ги боли уво за Македонија! Вредноста им е толкава, ко на зајак или ќурка продадена.

За протестирачите знаеме, Другари и Другарки не се Откажуваме, бидете внимателни, долг е патот, а ние Ќе победиме!

И да, ова морам да го расчистам. Поддржувачите на стратешкиот партнер, сега откако дознавте дека „стратезите“ ги обучуваат предавниците сопствениот народ да го местат уште сте на истото мислење за „вашите“?

Од истиот центар, претходно ги намесија луѓето и купија „слабаците“ за да го сменат името. Од истиот центар не дозволија да падне власта после локалните за да се дведеме до оваа ситуација и од истиот тој центар денес ги прават провокациите додека работат на склопување на мнозинство во Собрание за да го поминат ова што уништува се македонско.

Стварно уште мислите дека тие ни се „партнерот“? – Ебаму круната.

Само да ви кажам, тие што го режираат и спроведуваат сето ова имаат еден проблем. Од другата страна им стојат Децата на транзицијата кои немаат што да загубат и доваѓаат по своето.

p.s. Види каква случајност, провокаторите застанати пред паролите и знамињата од Левица