Апасиев: Скандалозна пресуда на кавадаречкиот суд!

„СКАНДАЛОЗНА ПРЕСУДА НА КАВАДАРЕЧКИОТ СУД која е срам за кривичното правораздавање во Македонија!!!

Поради ваквата контроверзна пресуда, за која искрено верувам дека ќе биде анулирана од страна на повисоките судови, можеме да бидеме сигурни за две работи: 1. дека, преку малициозно толкување, се прави обид за враќање на некогашниот „вербален деликт“ – што, секако, забегува во авторитарност; и 2. дека, ако овој опасен преседан опстои во судската пракса, на велико ќе губиме спорови пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур)!

Она што иритира во случајов, е како тоа класичен цивилен деликт КЛЕВЕТА, перфидно се престорува во кривично дело „Лажно пријавување“!? Пријавата не е исто со „допрен глас“ и таа не се поднесува преку фб коментар ниту индиректно, па оттука – префрлањето дека некој наводно сторил кривично дело е обична клевета, за која следува ГРАЃАНСКА, а никако кривична одговорност. Оштетениот полициски началник можел и може да си тужи во приватна парница, а не да искористува влијание врз обвинители и судии, како носители на јавни функции, за експресно да издејствува ваква одвратна пресуда!

Не драги мои, ова не смее да помине. 

p.s. А со постапувањата на директните инволвирани, треба да се позанимаваат Внатрешната контрола на МВР, Судскиот совет на РМ и Советот на јавни обвинители.”

СКАНДАЛОЗНА ПРЕСУДА НА КАВАДАРЕЧКИОТ СУД која е срам за кривичното правораздавање во Македонија!!!Поради ваквата…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Четвъртък, 7 май 2020 г.