Левица објави видео во кое ги разобличува маскираните провокатори на Спасовски

  • Видео снимка објавена од Политичката партија Левица

На оваа снимка, која беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како неколку уфрлени лица на задача, кои континуирано провоцираат до полицијата – истата ги одминува штом тргне со апсење кон толпата!?

Доколку Ковачевски и Спасовски имаа информации дека ќе има “немили настани” уште во текот на самиот ден, зошто не презедоа превентивни активности за да ги заштитат граѓаните и полицајците?

Премиерот и министерот за внатрешни и должат одговор на јавноста – дали е точно дека 50 тајни агенти од АНБ била уфрлени со качулки на синоќешните протести, со цел предизвикување насилство и инциденти?