Американски полицајци егзекутирале заспан човек (ВИДЕО)

На 9 февруари, по примена пријава за сомнителен (читај: црн) маж во кола на паркингот на ресторанот „Тако Бел”, шест американски полицајци ја опкружиле колата на заспаниот Вили Меккој и смртно го застрелале 20-годишното момче 25 пати.

На видеото, објавено вчера, се гледа како полицијата забележува дека Вили е заспан и сепак не го буди туку го опкружува и се спрема да пука. Според полицајците (иако тоа на видеото не може да се види) Вили имал пиштол во својот скут, но тие забележале дека во пиштолот немал шаржер.

Како основа за егзекуцијата полицајците тврдат дека се исплашиле од тоа што, во сон, Вили си го почешал рамото. По брзо испуканите десетици куршуми тие, крајно бизарно и грозоморно, извикуваат „раце горе”.

Братот на убиеното момче изјави дека му е мило што светот ќе ја дознае вистината за неговиот брат, но дека не очекува правда. „Има илјадници видеа како [американската] полиција се однесува ужасно, тепа и убива цивили, но нема последици” – изјави тој.

Убиството потсетува на егзекуцијата на еден од лидерите на Црните Пантери, кој откако бил дрогиран од полициски кодош, полицијата влегла во неговиот дом и го застрелала додека бил онесвестен.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: видеото е со чувствителна содржина!