Левица: На пробугарската Влада со протести да кажеме НЕ за бугаризацијата

  • Реакција на Политичката партија Левица

Маските за „европска Македонија“ на нелегитимната власт на пробугарскиот СДС се одамна паднати. Сите декларирани алузии за македонскиот идентитет, јазик, политичка автономија и сувереност, економски просперитет и слични манипулации на криминалната владејачка класа се разбиени – македонизмот и македонскиот работник се жртва на нивните лукративни интереси.

Лажни и манипулативни се нивните „повисоки цели“, поради кои македонскиот народ го лишуваат од основните атрибути на неговиот културен и политички идентитет и историски континуитет. Со прифаќање на понудениот Предлог НЕ СЕ ОТВОРА ПАТОТ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА на Македонија во ЕУ, туку се завршува процесот на нејзината конечна дезинтеграција – исчезнување на македонска држава во Европа.

Македонскиот јазик станува прв јазик за кој ЕУ (преку Бугарија) официјално ја отвара можноста да биде негиран и предмет на преговарање за интеграција;

Не постои никаква гаранција дека Бугарија во иднина нема да блокира. Нивните барања стануваат целосно дел од процесот, и ќе можат да се наметнуваат нови;

EУ и Бугарија, со барањата поврзани околу работата на т.н. Историска комисија сакаат од македонскиот народ и држава да создадат бугарска играчка која нема сопствено минато и целосно да го погазат револуционерното, партизанското, антифашистичко и АСНОМ-ско минато, негирајќи постоење на македонски народ со свои атрибути пред 1945 година!

Затоа, во овој критичен историски момент нема простор за слабост и чекање, неопходен е автентичен и силен отпор на македонскиот народ!

Апелираме да не се потпаѓа на провокациите на полициските инфилтратори и вечер повторно МАСОВНО и достоинствено да протестираме против присилната бугаризација на Македонија!

Сите лица со фантомки ќе бидат отстранети од редарските служби.