Бриселските бирократи преку осуда кон протестот на македонскиот народ во поддршка на насилството врз цела една нација!

Откако Владата на СДСМ-ДУИ се најде во тесно поради дипломатската неспособност, која, преку обелоденување на фамозниот Француски предлог, излезе на површина со сета своја гротесктност и партизираност – поради што се соочи со силен отпор од народот – на помош потрчаа разни евро-бирократи и други странски, официјални и неофицијални, претставници на колективниот Запад.

Активната пропаганда на Брисел и земјите членки на ЕУ наликува на онаа од кампањата за референдумот по повод Преспанскиот договор, кога дури и тогашната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, дојде да не убедува дека тоа е за наше добро – откако не успеаа во тоа, со заплашување, нелегитимно и нелегално насилно го спроведоа Преспанскиот договор. Сценариото за пропагандата за овој Француски предлог е скоро иста, бриселската бирократија активно учествува во процесот на бугаризација на Македонија и негирање на основните права на македонскиот народ.

Меѓу првите кои се активираа во оваа пропаганда беа неколку министри за надворешни работи од земји членки на ЕУ. Како што, на пример, беа скоро идентичните твитовите за поддршка на Францускиот предлог на Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Маио, Министерката за надворешни работи на Шведска, Ана Линде, Министерката за надворешни на Словенија, Танја Фајон и твитот од официјалниот твитер профил на Министерството за надворешни работи на Романија.

Потоа следеше посета на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој на прес конференцијата, од новинарката од редакцијата на МКД.мк, која го праша: „Зошто ЕУ ги поддржува примитивните бугарски барања и тврдења за непостоење македонски народ и јазик, а истовремено дозволува граѓаните на Унијата слободно да го изберат својот род.?“ На што Мишел се правеше дека не го слушнал прашањето и ги повтори истите зборови од претходно дадениот одговор на сосема друго прашање.

И вчера, откако на народниот протест Власта, преку уфрлени свои структури во фантомки кои провоцираа насилство, се обиде да посее страв меѓу народот со апсења и брутални акции на полицијата со тепање демонстранти, на социјалната мрежа твитер се огласи и Евроамбасадорот Дејвид Гир, кој го осуди насилството пред Собранието.

Замислете, Евроамбасадорот, кој беше во Скопје додека пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми дивееше во Собранието на Македонија и се закануваше дека ќе кршел нозе и раце, тој не забележа никакво насилство, уште помалку го има предвид насилството кое се врши врз цела една нација со т.н. Француски предлог. Уште повеќе, Дејвид Гир дури и го поддржува шовинизмот на Бугарија врз Македонија, денес загрижен за „полицијата која си ја врши својата должност“, го осуди насилството од вчерашниот протест прет Собранието.

Од видео материјалот од вчерашните протести недвосмислено може да се забележи дека насилството беше испровоцирано од страна на структури во МВР, кои ги жртвуваа дури и своите колеги полицајци, само за да ги исполнат партиските цели на СДСМ и ДУИ кои преку репресија сакаат да го заплашат и потиснат македонскиот народ кој секој ден е во поголем број и порешителен да ја запре бугаризацијата на Македонија која се спрема со прифаќање на Францускиот предлог.

На следново видео може да се види како полициски службеник, од зад грб, со нога удира демонстрант кој во раце носи македонско знаме, и потоа бега назад: