Левица: Колку вредат животите на гостиварчани во очите на Арбен Таравари?!

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Гостивар:

„Колку вредат животите на гостиварчани во очите на Арбен Таравари?!

Разочарувачки се секојдневните изјави на нашиот градоначалник Арбен Таравари, дека одложувањето на пописот во време на пандемија е скандалозно и штета на Албанците во Република Македонија.

Земајќи предвид дека нашата општина е една од најпогодените од корона вирусот, возрасното население кое и најмногу страда од овој вирус е доминантно во нашата општина, медицинскиот кадар тешко се справува со ситуацијата, а многу гостиварчани секојдневно ја губат битката со вирусот.

Сепак нашиот градоначалник, кој впрочем по професија е доктор и поранешен министер за здравство смета дека одложувањето на пописот е скандалозно и штета за Албанците во Република Македонија.

Ова покажува дека тој, пред здравјето на граѓаните, одбира да собира политички поени, што пак е тотално неодговорно и нестручно размислување за еден доктор.”


КОЛКУ ВРЕДАТ ЖИВОТИТЕ НА ГОСТИВАРЦИ ВО ОЧИТЕ НА АРБЕН ТАРАВАРИ!? Разочарувачки се секојдневните изјави на нашиот…

Posted by Левица – Гостивар on Friday, April 9, 2021