Левица: Ковид центрите без слободни места за пациенти со препорачана хоспитализација

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Здравствениот Сектор на Левица:

„Додека држаниот врв во Република Македонија е опседнат со адреналински тури и забави, државниот здравствен систем на самиот почеток од месец април е во „клиничка смрт”, кадешто е нарушен пристапот до здравствени услуги и интервенции за обичниот граѓанин.

До здравствениот сектор на Левица, од фамилија на пациент кој е позитивен на Ковид-19, пристигна фотографија со упатство за лекување во кое пишува дека кај пациент е направена крвна анализа и во крвната плазма има Ц-реактивен протеин 142 (вредност која се смета за високо предиктивна како одговор за воспаление поради бактериски инфекции). Повисоките вредности од нормалното ниво на Д-димери, значат дека кај пациентот има нарушување на коагулацијата на крвта и има можност за создавање тромбови. На пациентот, препорачана му е хоспитализација, но заради немање слободни места во Ковид центрите, на фамилијата им е објаснета ситуацијата и е даден совет да појдат наредниот ден и да пробаат да најдат слободно место за прием.

Тезата на Министерот за здравство, Венко Филипче, со која неодамна тврдеше дека „секој пациент без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман”, се покажа како неточна. Спред секојдневните фотографии и видео снимки, се гледа дека пациентите во оваа држава се соочуваат со вистинска голгота за да стигнат до болнички кревет.

Овој случај само ги потенцира аномалиите на здравствениот систем во кој секој граѓанин треба да има еднаков пристап.”


КОВИД ЦЕНТРИТЕ БЕЗ СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ПАЦИЕНТИ СО ПРЕПОРАЧАНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА Додека држаниот врв во Република…

Posted by Левица – Здравствен сектор on Friday, April 9, 2021