АктуелноИнтернационално

Путин ужива поддршка од над 81% кај руските граѓани

Серускиот центар за проучување на јавното мислење, (ВЦИОМ) спроведе истражување за тоа каква доверба ужива рускиот Претседател Владимир Путин кај руските граѓани.

Истражувањето покажало дека 81,1% од Русите му веруваат на Претседателот Владимир Путин, додека 78,7% од нив целосно ја поддржуваат неговата работа како шеф на Руската Федерација.

На прашањето дали му верувате на претседателот, само околу 15% од испитаниците одговориле негативно.

Што се однесува до одобрувањето на неговите одлуки и работа, процентот на граѓани кои не го поддржуваат Претседателот овде е уште помал, односно, негативно одговориле само околу 13% од испитаниците.

Оваа анкета е спроведувана во периодот помеѓу 13 и 19 јуни, а испитаниците бea телефонски интервјуирани. Во оваа анкета биле вклучени над 1600 граѓани.

По објавувањето на резултатите директорот на ВЦИОМ, Валери Фјодоров изјави дека специјалната воена операција, која ја спроведува руската армија во Украина не предизвикала поделеност во руското општество. Дополнително, оваа анкета покажува најголема поддршка кај Русите за работата на Владимир Путин како претседател на Руската Федерација.