Ирската европарламентарка Клер Дали: Кандидатскиот статус за ЕУ е мамец кој Украина ќе ја претвори во мелница за месо!
Актуелната ирска европратеничка Клер Дели имаше свое обраќање во Европскиот парламент во однос на војната со Русија каде изјави:
„ Целта е бескрајна војна, а не успешна војна‘‘
Таа рече дела тоа биле зборовите на Џулијан Асанж во 2011 година во однос на војната во Авганистан, зборови кои сега можат подеднаво да се применуваат и за Украина.
„Украина треба апсулутно да може да и се придружи на Европската Унија, но под услови да не банкротира народот, и кога е готова и кога мнозинствлото народ ќе е подготвен, но секако тоа нема да се случи кога земјата е во зона на активна војна, и сите тоа го знаат. Наместо тоа, ние вештачки ја пролонгираме војната, со простојан проток на тешко оружје‘‘
Таа рече дека наместо тоа вештачки се пролонгира војната, постојано се дозволува проток на оружје, има наводни мировни преговори и Европската Унија со тоа гарантира ‘‘ќор сокак‘‘ и сигурност дека Украина нема да може да го избере нејзиниот сопствен пат.
Таа додаде дека претседателката фон дер Лајн ја даде ‚‚играта на гости‘‘ минатиот петок кога рече: „Украинците се спремни да умрат за Европската перспектива, што е заблуда и нарцистично.
Клер Дели изјави дека ‚‚вистинскиот план‘‘ е кандидатскиот статус да се стави во стапица, да се трансформира Украина во машина за мелење месо, да се употребат луѓето како топовско месо во бескрајна војна против Русија, со Европските даночни обврзници, така што една по друга сметка ќе се плаќаат за воената индустрија, а во тоа нема што да се прослави.