Москва: „Веќе се снима новиот лажен хемиски напад во Идлиб, Сирија“

Според „Центарот за помирување на спротиставените страни во Сирија“ при руското Министерство за Одбрана, веќе е започнато сценирањето на лажен хемиски напад во Идлиб, Сирија.

„Според податоците добиени од жителите на Гувернатот Идлиб, во моментов е во тек снимањето на исценирана провокација за наводно користење на хемиски оружја од страна на Сиријската армија врз цивилното население, Џиср аш-Шугур. Екипи за снимање, од повеќе блискоисточни телевизиски канали и регионалниот огранок на една од водечките американски тв канали, се веќе пристигнати во Џиср аш-Шугур сабајлево“, велат од Центарот.

За вакво сценарио веќе имаше предупредување од страна на руското Министерство за Одбрана и тие истакнаа дека локалните милитанти се во тесна координација со британската тајна служба. Тие додадоа дека овој исцениран напад би бил користен од коалицијата преводена од САД како оправдување за уште еден напад врз сиријскиот народ.