Новоотворена канцеларија на Левица во Гостивар

Почитувани сограѓани Ви се обраќаме од Гостивар од новоотворената канцеларија на Левица, информираа од партијата.

Денес Гостивар беше црвен и се чувствуваше еуфорична атмосфера.Бевме почестени со присуството на претседателот на Левица проф. Димитар Апасиев, претседателскиот кандидат проф. Билјана Ванковска, носителот на ИЕ 6 Игор Димески како и Јована Мојсоска од ИЕ 5. Гостивар ќе црвеене и после 24 април, а конечната победа ќе ја прославиме симболично на 9 мај, посочија од Левица.

Сите симпатизери и членови се добредојдени во нашата канцеларија, додадоа од партијата.