За демолирање на ОМО Илинден Пирин бугарските власти не отворија истрага
Откако пред неколку дена беше запален влезот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, настанот беше пренесен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен, истакнуваат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
Во 2007 и во 2008 година на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во градот Гоце Делчев, беа скршени стакла, исцртани свастики и др. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет – велат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
Од СВР Битола информираа дека од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А. (34) од Битола.
Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 288 ст. 1 од Кривичниот законик – информираат од СВР Битола.
- (*извор: Нова Македонија)