Велевски: Очекувам советниците од Битола да се приклучат на протестот

Пред извесен период кога се отвораше фашистичкиот клуб “Ванчо Михајлов” ги повикав сите советници од сите политички партии да дадат поддршка.

Поддршката не ја добивме!

Повторно ја користам приликата да ги повикам сите народни избраници, колеги-советници од сите политички партии кои се најгласни дека “Битола се сака со срце” или оние со инфраструктурниот “бум” , па макар и оние кои го распродаваат идентитетот,

Сега е време да покажат како се негува еден конзулски град.Ова е протест против воскреснување на фашизмот и поддршка за нашиот брат Ламбе.