Ристов: Советите покажаа колкава е разликата помеѓу кадрите на Левица и останатите партии

  • Претседателот на Советот во Општина Карпош, во вчерашното гостување на емисијата на Инфомакс, зборуваше за кадровските политики кои ги водат политичките партии на локално ниво, пред се за Советниците и за тоа колкава е разликата помеѓу кадрите на Левица и Останатите партии. Советниците кои зимаат паушал, без да допринесат во работата на советот, дискусиите и гласаат по наредба на партијата, Ристов ги нарече паштета Советници.

„До сега немало толку внимание од страна на јавноста за работата на советите се додека не влеговме ние. Затоа еден од битните проекти што го поднесовме во сите општини е ‘лајв стримот’ и таму се виде со каков капацитет располагаат другите партии.

Јас советниците ги викам паштета. Па штета е да се фрли, стави го на листа, нека зима паушал, седи таму, чека да крене рака, ни кажува ништо, ниту знае за што е таму, некои од нив сум ги видел дека дремат едноставно на Седница.

Мене ми е втор мандат, во минатата гарнитура беа 14 советника на СДСМ и ‘лајв стрим’ кога им побарав, уште 2018 тоа не доваѓаше обзир едноставно да се донесе. Тие луѓе беа таму да кренат рака и што е можно побрзо да си одат дома.

Значи, ослободени се од работа, по сила на закон нормално, зимаат паушал за присуство и целта им беше: Нека тера градоначалникот што сака, партијата ни кажала да гласаме денеска, дај само на брзинка да завршиме да одиме дома или кафана.

Немаше никаква дискусија, на почетокот колку толку се трудеа да ми реплицираат, после тоа ајде Бранко земи збор, заврши, да кренеме рака, да си одиме дома. Сега веќе вниманието на јавноста е свртено кон советите и драстично се приметува разликата на кадрите со кои располага Левица и другите партии.“