ЗНМ застана зад Инфомакс: Трендот на квалификување и етикетирање на медиумите мора да запре

  • Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на квалификациите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кон Инфомакс, кои не се во функција на создавање клима за независно и слободно новинарство. Воедно, во пропагандата насочена кон дискредитирање на овој медиум се вклучија порталите на Република, Курир, Лидер и други, кои важат за слуги на партијата ДПМНЕ, во креирањето на јавно мислење. Во прилог ви го пренесуваме целосното соопштеие на ЗНМ:

Последните квалификации на високи партиски функционери на ВМРО ДПМНЕ насочени кон он лајн медиумот Инфомакс не се во функција на создавање клима за независно и слободно новинарство.

Високи претставници на политичките партии не смеат да кажуваат кој е медиум, а кој не и не смеат да ја коментираат уредувачката политика на медиумите и да ги нарекуваат со секакви погрдни имиња, бидејќи на тој начин, директно може да потикнат говор на омраза или кривични дела поттикнати од омраза.

Од друга страна, медимите имаат должност и обврска да се грижат и да ја негуваат културата на слобода на говорот, овозможувајќи услови за градење на новинарски и медиумски плурализам.

Уредниците треба да внимаваат на кого отстапуваат медиумски простор со цел да се превенира злоупотреба на медиумот на штета на јавноста. Одредени поединци или групи, кои го злоупотребуваат јавниот простор за пресметки и ширење на омраза по било кој основ, треба да бидат маргинализирани од страна на медиумите со цел да се заштити медиумскиот интегритет, но и јавниот интерес.