Ламбе не е ниту вандал ниту пироман а најмалку пак криминалец – Ламбе е отпор против национал-шовинизмот!

  • Фејсбук статус на Андреа Јанков, Координатор на Сектор урбанизам и локална самоуправа – Левица

Пошто гледам дека Ламбе некои пробуваат да го окарактеризираат како вандал, пироман или криминалец, да разјасниме прво некои работи.

Во Битола Бугарите отворија клуб со име „Ванчо Михајлов“. Тоа од прилика е исто како Итаљаните да ни отворат културен клуб „Бенито Мусолини“, или Германците „Хајнрих Химлер“.

Не е никаков проблем што некои жители на Македонија се осеќаат како Бугари, нивно право. Проблем е што истите, а и матичната им држава Бугарија, имаат став дека нема Македонци, само Бугари под масовна хипноза, што е и став на гореспоменатиот Ванчо Михајлов. Токму ова е тешка форма на национал-шовинизам, со оглед дека правото на самоопределување е императивен правен принцип во современото меѓународно право. Сепак, во реалност меѓународната јавност молчи и „ја боли цев“…

Сигурно и тогашната администрација во 1941, составена од германски и бугарски окупатори и домашни квислинзи, сметала дека убиствата на бугарски полицајци и војници кои ги извршиле Лазо Колевски и Боро Петрушевски на 8 Септември, обидот за атентат на бугарски агент од страна на Благоја Деспотовски-Шовељ на 7 Октомври и нападот на бугарски полицаец од страна на Трајко Бошкоски-Тарцан на 8 Октомври се криминални дела.

Ама затоа им се деси после 11 Октомври!