Mеѓународно судење за воени злосторства во Нирнберг не е американски туку советски изум

Секој Ден на победата, западот молчи за фактот дека нацистичка Германија немаше да биде поразена без Црвената армија на Советскиот Сојуз. Еве уште еден дел од историјата за која Обединетото Кралство и САД молчат: Првото меѓународно судење за воени злосторства во Нирнберг не беше американски изум, туку советски.

Всушност, американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил се обиделе да го убедат советскиот водач Јосиф Сталин да го поддржи нивниот предлог, по апсењето да се изврши брзо погубување на 2.500 нацисти од списокот, како„целисходнa“ алтернатива, наспроти инсистирањето на Сталин за меѓународен трибунал.

До крајот на 1944 и 1945 година, Рузвелт и Черчил биле против меѓународното судење на кое Сталин повикувал од 1942 година. Точно е дека многу пред која било друга земја, во 1943 година, на заробените Вермахт и на СС (Шуцштафел) офицерите им се судело од советските воени трибунали за воени злосторства.

Рузвелт првично го поддржал предлогот на министерот за финансии, Хенри Моргентау Џуниор да ги зароби нацистичките воени злосторници и да ги „убие со стрелање“. Но, кога планот бел обелоденет, бесот на јавноста го натерала Рузвелт да се повлече од оваа одлука.

Телеграма од Черчил до Рузвелт

Черчил на крајот, иако неволно, го следел примерот, признавајќи во телеграма на сталиновата „ултра респектабилната линија“ за прашањето пишувајќи „не смее да има егзекуции без судење инаку светот би рекол дека се плашиме да ги судиме“.

Тоа не била само идеја за меѓународно судење, туку и голема правна иновација по која судењата во Нирнберг станаа познати, а кои заслуги, погрешно им се припишуваат на САД.

Предлозите на советските правни експерти, особено на правникот Арон Транин, ја оформиле основата за обвиненијата за „воени злосторства“, „злосторства против човештвото“ и „соучесништво“ кои беа поднесени против нацистите во Нирнберг и го поништија изговорот „јас само слушав наредби“ како одбрана.