АктуелноЛокално

Двоглав орел, скандалозен споменик во Слупчане кој чини 200.000 евра

Денеска се навршуваат 21 година од масакрот извршен врз македонските бранители по заседа во Вејце.

На 21-годишнината од војната во која загинаа македонските бранители, споменик вреден 200 илјади евра посветен на борците на УЧК ќе биде свечено откриен во Слупчане. Изградбата беше најавена уште лани на 2 мај, денот кој ДУИ го слави како ден на „бранителите“.

Токму на 2 мај и ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот го сподели градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи од ДУИ.